NORTH MACEDONIA

Почитувани идни кандидати,

Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) објавува повик за апликации од квалификувани кандидати во земјите/териториите на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*[1], Северна Македонија, Црна Гора и Србија за да аплицираат за финансирање на трошоци за стручно оспособување во туризмот, земјоделството и други поврзани сектори како што се развој на бизнис и информациски и комуникациски технологии (ICT), идентификувани како важни за економската диверзификација во руралните области.

Програмата за финансирање на стручното оспособување се состои од следните главни делови:

  1. Опис на проектот
  2. Квалификувани кандидати
  3. Активности кои се предмет на финансирање во рамките на оваа програма
  4. Информации за доделување на средствата
  5. Услови за поднесување
  6. Информации за статусот на пријавата

Во зависност од расположливите средства, SWG ќе ги финансира трошоците за сертификат добиен за стручно оспособување во туризмот, земјоделството и другите поврзани сектори како што се развој на бизнис и информациски и комуникациски технологии (ICT), идентификувани како важни за економската диверзификација во руралните области, за обука која што ќе се одржи помеѓу 28-ми септември 2022 година и заклучно со 30-ти јуни 2024 година.

Оваа програма се имплементира во две фази. Во првата фаза, од кандидатите се бара да поднесат Барање за финансирање на стручно оспособување во приложениот формат, кое ќе биде разгледано од Комитетот за евалуација на SWG. Кандидатите ќе бидат известени доколку нивното барање за обука ги исполнува условите за надоместување на трошоците. Во втората фаза, кандидатот ќе го испрати до SWG добиениот сертификат и врз основа на тоа SWG ќе му надомести на апликантот средства во износ до 300 Евра бруто (вклучувајќи ги сите поврзани даноци за обуката).

Финансиските средства ќе бидат доделени на избраните кандидати чии барања најдобро ги исполнуваат условите на оваа програма на основа на принципот„”прв дојден прв услужен“.

Според правилата на SWG Барањето за надоместување на трошоците за стручно оспособување треба да се поднесе електронски (испратена е-пошта) до Секретаријатот на SWG на swgsecretariat@swg-seerural.org почнувајќи од 28-ми септември 2022 година до 31 март 2023 година.

SWG го задржува правото да финансира кое било или ниту едно од поднесените барања. Објавувањето на оваа програма не претставува обврска за доделување на средства од страна на SWG, ниту пак SWG се обврзува да плати за какви било трошоци направени при подготовката и поднесувањето на барањето. Понатаму, SWG го задржува правото да го одбие кое било барање или сите примени барања. Сите трошоци за подготовка и поднесување се на сопствен трошок на кандидатот.

Повик за аплицирање за финансирање на стручно оспособување – МК

ANNEX 1 Пријава за стручно оспособување – MK

ANNEX 1.a Детална Пријава за стручно оспособување – MK

ANNEX 2 Барање за надоместување на трошоците за стручно оспособување – МК

ANNEX 3 Список на рурални општини

[1] *This designation is without prejudice to positions on status, and is in line with UNSCR 1244 and the ICJ Opinion on the Kosovo Declaration of Independence.”